Еврејскиот историчар Ели Ешкенази изнесува дека битолскиот евреин Рафаел Камхи зел учество како делегат од Битола во работата на конгресот на Организацијата во Солун 1896 година и при тоа укажува дека поседува многу подробности за овој конгрес, нему дадени од самиот Камхи, драгоцени за македонското револуционерно движење.

Во наредната, 1897 година, Р. Камхи постапил по писмото на Ѓорче Петров, односно заминал во Софија, каде се запознал со задграничните претставници на Организацијата, со кои соработувал, а тоа се врвните водачи на ТМОРО – Гоце Делчев, Ѓорче Петрови Димо Хаџи Димов.

Од тогаш Рафаел Камхи божем патувал како трговец, преку сигурни Евреи кираџии на повеќе пати префрлал пратки со оружје, динамит и бомби во Македонија.

Истовремено, Камхи, покрај што лично давал парични средства, се грижел да собира од свои пријатели, пред се од битолските Евреи, кои за организацијата биле драгоцени, пред се за купување на оружје и муниција.

Рафаел Камхи

Како Бумба Маало (сегашни згради на Наум Наумовски Борче) го доби своето име?

При една таква пратка на 20 бомби за Битола, кираџијата бил сосема случајно фатен од власта. Уследиле затворања на сомнителни лица за власта на околу 30 граѓани. Бидејќи кираџијата не бил упатен во Организацијата, не дошло до некоја провала, но затоа што бомби биле откриени во еврејското маало, Турците го нарекле “Бумба маало”.

Рафаел Камхи бил праќан на неколку пати во специјални мисии во странство, кои секогаш најпрецизно и успешно ги извршувал.

Внукот од брат на Рафаел Камхи, Жозеф Камхи, кај кого Рафаел ги минал последните години од својот живот, во Тел Авив, сo голем пиетет ги чувал како спомен-реликвија, уметнички украсени НОЖИЧКИ со позлатени инкрустации, личен подарок од мис Елена Стон за Рафаел Камхи,

Мис Елена Стон

кое наведува да се заклучи за извесна одиграна улога на Камхи во познатата афера Мис Стон со која личност Камхи имал мошне пријателски однос .

-Мојот чичко Рафаел, бил преокупиран со борбата на Македонската револуционерна на која и ги посветил сите свои сили и материјални средства…раскажува неговиот внук Жозеф

Инаку Мис Елена Стон е првата американка во модерно време киднапирана од македонски револуционери кои бараа откуп во златници за да купат оружје…

Ѓ.Д.Цолев Џоџа