Сарми од лозов лист е традиционално македонско јадење кое е идеално да се припреми кога има млади непрскани лозови листови. Исто така може да се користат и замрзнати лисја од лоза или од тегла.

Овој специјалитет е лесен да се направи, потребни се околу 30 минути за подготовка и околу 45 минути за готвење.


Состојки:

50-60 лозови лисја
500 гр мелено месо
150 гр ориз
1 лажиче мешан зачин (вегета)
1 лажичка црвен пипер
прстофат сол
магдонос
оригано

Подготовка:

1.Ако лисјата се свежи и млади, тие се подготвени за употреба. Само се мијат. Ако користите замрзнати лисја, тогаш само ставете ги претходно во млака вода за да се одмрзнат и да омекнат.
2.Потоа запржете го месото во тава со маслиново масло и откако ќе се зарумени, додадете ориз, зачини, црвена пипер, сол, магдонос и оригано на крајот и добро мешајте.
3.Ставете малку од мешавината во секој лист и завиткајте ги. Завиткајте ги така што прво ќе го преклопите листот од едната страна, потоа од другата страна, а потоа ќе го замотате. Ставајте ги припремените сармички во огноотпорна тава и додадете вода за да ги покриете. Покријте ја тавата со фолија.
4.Печете на 250 степени околу 40 минути. Внимавајте да има доволно вода во текот на варењето за да не ви остани оризот недоварен. На крајот, подгответе мешавина од еден филџан вода, 5 лажици доматен сос и 1 лажица брашно и оваа мешавина додадете ја 10-тина мин пред крајот и оставете да крчка уште некое време отстранyвајќи ја фолијата.


Послужете со најдоброто Битолско кисело млеко.

На здравје!

Напомена: Ве замолуваме да имаме повратна информација дека ги добивате нашите прилози бидејќи некогаш знае и да затаи испраќањето. Поздрав од Битола

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here