Во сабота не е актуелно само „битолското корзо“, со првиот снег се расшетале и срните и еленчињата, некои дење, а некои ноќе“. Вака од Националниот парк Пелистер ги најавија фотографиите, снимени изминатотото деноноќие од системот за мониторинг на крупен дивеч, кој бил поставен минатата недела. Со првиот снег, вчера системот „улови“ срна која се шеташе на Пелистер, планина со исклучителна флора и фауна.