Безусловната хуманост повторно на дело, Ротаракт Широк Сокак со уште еден од низата успешни проекти во Клиничка Болница Битола

Во детското оделение при КБ Битола реазлизиран е уште еден проект на Ротаракт Широк Сокак. Се работи за реновирање, разубавување на просториите во ова одделение.

Направено е цртање на ѕидните површини, a ќе прави и санација на подните површини и поставување нови плочки на подот.

Вредноста на овој зафат во Клиничката Болница Битола, е во износ од 3000 евра, помогнато финансиски од СН Осигурителен брокер и СН Финансии.

За потсетување Ротаракт Широк Сокак е еден од најактивните клуб организации во Општина Битола кои реализирале голем број на успешни проекти.

Браво 👏👏👏