Ако ви останале јајца од Велигденот – ова е совршена идеја за ручек, кај мене обавезно е застапен барем еднаш годишно. Подготовката е едноставна, можи месото да си го припремите како што си правите ќофтиња и само да го наполните со варени јајца или да го следите рецептот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
Мешано мелено месо (600 Грама)

Средината од едно парче леб натопена во млеко
Вегета (1 лажица)

Црн бибер, лук во прав и оригано

Кромид (една мала главица, ситно исечкана)
Презла по потреба ако е многу мека смесата
2 лажици масло
Варени јајца (4-5 парчиња)
ПОДГОТОВКА

Во вангла ставете ги сите состојки и замесете го месотот. Најдобро е месото да отстои неколку часа во фрижидер за да биди порофито.

Во долгунест калап убаво намастен, ставете ја пола смеса и убаво натапкајте ја, наредете ги јајцата и со мрсни раце убаво распоредете ја останатата смеса одозгора и оформете го ролатот. Премачкајте го со масло, покријте го со хартија за печење или фолија и ставете го да се печи околу 40 минути на 200 степени.

Откако ќе се испечи, оставете го да се подизлади па послужете го. Овој ролат е вкусен и кога е ладен.

На здравје

Рецептот го испрати Гордана Аџиева-Михајловска