Овој викенд Битола е необично раздвижена и живописна, благодарение на активностите на младите учесници од меѓународниот младински камп “Патоказ кон помируваењето“, кој во 4-пат се одддржува во Битола и во кој учествуваат младинци од Израел, Германија и Македонија.

Синоќа на „Плоштадот Магнолија“ , младинците од кампот ги разиграа битолчани , како и странските посетители и туристи со танци , односно изведувајќи „флеш моб“ . Беше навистина разиграно и весело, а се слушаа различни јазици и аплаузи.

Ова утро започна ликовниот перформанс на младите од кампот. Имено на шест различни платна , поставени на сликарски штафелаи долж Широк сокак, младите од кампот, го боеја логото на кампот и ги канеа битолчани да им се придружат, што наиде на голем одзив и воодушевување.

Во меѓувреме младите во кампот од Црвениот Крст- Битола, им држат работилници за Прва помош на останатите волонтери во просториите на Црвен Крст Битола.

Вечерва перформансот продолжува на Широк сокак пред Центарот за култура, каде сите платна ќе се спојат во едно ЛОГО.

Програмата продолжува со заедничко дружење и проекција документраниот филм „Гита Калдерон , хероината која го преживеа холокаустот“, работен од млади гимназијалци од Гимназијата Јосип Броз Тито, под менторство на професорот по македонски јазик Никола Трајковски.

Кампот трае до 18 Август и основна цел е запознавање на младите од трите земји со историското минато и извлекување поуки од темната страна на минатото, како и трасирање пат кон помирување со истото…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here