Децата од Битола и Пелагонија ќе имаат можност да бидат дел од школата на капитенот

“Посебна чест и задоволство ми е за Битола, градот во кој што ги направив првите професионални ракометни чекори, град кој го познава ракометот и спортот и живее за него”

Битола со сета своја историја, минато и сегашност и понатаму останува градот на градовите во Македонија на сите полиња. А нејзините спортски приказна се раскажувале од памтивека до денес. Заради спортистите родени под Тумбе Кафе, заради нивните успеси, заради битолчани кои дишат за спорт. Меѓу нив примарно место завзема ракометот. Од септeмври и капитенот кој неколку години од своите ракометарски почетоци помина во Битола ќе ја отвори својата школа за ракомет.

“Посебна чест и задоволство ми е што наскоро почнуваме со нашата школа во градот во кој што ги нaправив првите професионални ракометни чекори. Град кој го познава ракометот и спортот и живее за него. Се надевам дека со посветена работа од наша страна ќе пробаме да “инфицираме” што повеќе деца и да ги откриеме најталентираните кој еден ден ќе играат значајна улога не само во македонскиот туку и во европскиот ракомет. Нашиот проект би бил без душа доколку немаме ракометни школи во местата во кои сум настапувал и професионално сум играл ракомет. Големата спортска традиција на Битола посебно ракометната ни дава за право да се надеваме на успешно функционирање.” -изјавува Лазаров.

Тренери ќе бидат имиња кој оставиле свои белег во ракометот како играчи и педагози, Кирил Атанасовски и Борче Марковски. Тренинзите ќе се одржуваат три пати неделно на две локации, во спортската сала на ОУ “Коле Канински” и во спортската сала во општина Новаци. Ќе се работи со момчиња и девојчиња родени 2006 и помали.

Очекувањата на тренерите Атанасовски и Марковски се дека отварањето на школата на капитенот во Битола ќе биде од големо значење за откривање на таленти, со оглед на огромното ракометно искуство кое го има Лазаров, тие велат дека проектот наидува во право време и во Битола, потсетувајќи дека Пелистер е клубот од каде Кире почна да ја освојува ракометна Европа.

Сите информации околу школата на капитенот во Битола и Новаци можете да ги добиете на 071 259 970.

Се гледаме во сала!

Извор kl7.mk