Во градот под Пелистер од вчера владее ракометна еуфорија поради враќањето на Кире Лазаров заедно со другарите од репрезентација . Најракометниот град и битолчани последен пат биле сведоци на репрезентативни натпревари во Битола далечната 2005-та кога Македонија одигра 28:28 со БИХ како и 2003-та кога во преполната сала “Младост” беше победена Унгарија со 33:31 подоцна недоволно за Македонија да се најде на Евро собирот 2004-та во Словенија .

Овој пат Македонија повторно ќе биде домаќин во градот на конзулите само овој пат во новоименуваната и реновирана “Боро Чурлевски” спортска сала по повеќе од 15 години. Затоа на гостите од Турција не им смета фаворитската улога на домаќинот но им е мило што ќе го посетат градот во кој учел и се школувал таткото на модерна Турција, Мустафа Ќемал Ататурк. Како и што се очекуваше дуелот помеѓу Македонија и Турција од квалификациите за Европско Првенство привлече големо внимание не само во ракометната јавност во Битола туку и од Скопје, Прилеп, Охрид, Струга се очекуваат ракометни љубители.

Последните билети за натпреварот во четврток се продадоа како “алва” на Широк Сокак, пред кафе-бар Портал 2 во утринските часови притоа оставајќи многу ракометни фанови денес без вредниот лист хартија. Во текот на вечерните часови во салата Боро Чурлевски беше поставена и подлогата или попознатиот “герфлор” .

РК Пелистер фан страна