На денешната трка (03.11. 2019) во “Cross country” одржана на трим патеката на Гази Баба, Скопје првото место му припадна на битолчанечот Кристиан Стојани, кој се натреваруваше во категорија млади сениори до 23 години.

Со освојувањето на првото место и одличниот резултат Кристиан ќе ја претставува Македонија на Балканското првенство во “Cross country” кое ќе се оддржи наредната сабота на 9-ти ноември во Беране, Црна Гора.

Да му посакаме успех, па и таму нека припадне златото во негови раце!