По првиот дел од сезоната прв стрелец на тимот беше и остана црногорското крило Милан Поповиќ со 79 гола воедно и 4. стрелец во лигата зад Илиев, Ѓукиќ и Минов.

Втор стрелец во тимот е Ч.Табангует со двоцифрениот скор на последните два натпревари со постигнати 47 голови.

“Борбениот” – Борјан како што го нарекува публиката падна на 3-тото место со гол помалку и постигнати 46 голови. Задолжениот за асистенции во тимот на Пелистер хрватскиот бек , Марко Кобетиќ е на 44 погодоци .

“Натурализираниот” битолчанец крилото Реваз Чантурија стои на 33 гола додека капитенот на Пелистер од позиција на пикер има постигано 29 голови.

За два голови помалку има младото крило Никола Стоилевски кој секој меч изнудува овации од присутната публика како во салата Боро Чурлевски така и на гостински терен.

Битолчанецот Стефан Дрогришки со својот кам-бек во матичниот Пелистер ја воскресна својата форма и на 6те натпревари на кои настапи постигна 26 гола и е најефикасен ракометар со процент на реализација над 90% од своите шутеви кон противничките голови.

Потоа следуваат Огнен Лековиќ (19) , Костадин Петров (17) , Иван Димитровски (10) , Кире Митревски (8) , Никола Ивановски (2) и Стефан Апостоловски (1) .

РК Пелистер