По примерите од градови низ светот и Битола сега добива тридимензионален пешачки премин.

Подмладокот на „Ротари клубот Битола“ е иницијатор на овој проект, со цел поголема безбедност во сообраќајот. Од таму велат дека сакаат акцентот да го стават на пешаците да внимаваат каде преминуваат, а секако и на возачите.

Се договорија со полицијата и општината и го стартуваат условно речено пилот-проектот.

Ќе ги чекаат реакциите и на минувачите и на возачите, за потоа да се продолжи со вакви 3Д пешачки премини и на други места.

Првиот 3Д пешачки премин го изведува тимот на „Hybrid Minds Crew“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ на булеварот „1 Мај“.

Овие пешачки премини создаваат оптичка илузија, која ги тера возачите да ја намалат брзината на своите возила.

Повеќе на ТЕРА ТВ

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here