Една од првите текстилни фирми на територијата на Република Македонија била текстилната и трикотажната фабрика во село Дихово. Фабриката била изградена во 1883 година и била една од најголемите текстилни индустрии во европскиот дел на отоманската империја. Главното производство биле волнени производи со
модерни производни процеси, а она што исто така било поволно е што се користела домашна волна.

Сепак, за да произведат високо квалитетни производи, тие увезувале и волна од Англија
Финалните производи пак, се продавале во повеќето големи градови во регионот-Битола,
Солун, Скопје, Истанбул, Измир, Драч. Располагала со голем број машини-461, од кои 10 автоматски
машини за штофови, 200 машини стар систем за штофови 200 машини (чаркови) за плетење гајтан, четири чешли за чешлање волна, две парни преси за шајак. Фабриката била затворена во 1915
година, бидејки бугарската војска ја зела механизацијата во Сливен и Габрово во Бугарија