Првата македонска забавна мелодија е создадена во 1946 година.Денешните битолски новинари, Спиро Мачески и Димитар Димитровски -Такец, тогаш студенти во Белград, ја создадоа мелодијата „Чекај ме“ и со тоа го означија“ почетокот на забавниот“ мелос кај нас. Мелодијата е писмо во стихови кое Мачески го посвети на својата сопруга, а текстот го мелографира Димитровски.