Од меани до ресторани

Меаната е угостителски објект во кој се подготвуваат и се послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци, ладни и топли напитоци и јадења кои многу брзо се подготвуваат. Меаните работат преку цел ден. Опремата и инвентарот во меаната се едноставни. Меаните се наоѓаат во градовите и во селата. Во нашата држава за првпат се споменуваат во XV и XVI век.

Пример во Битола имало дури 18 меани, во Прилеп 2, Велес 1, Скопје, Штип, во Охрид 7 (1660 година), итн. Покасно во XIX век меани се појавуваат во Неготино 1 (1854 г.), а во Кратово се регистрани дури 16 меани (1876 г.), додека во Битола (1827 г.) и Скопје (1869 г.) регистрирани се по 44 меани.

Лево Кичевски Ан, десно најверојатно Костурски Ан

Кафеаните се угостителски објекти во кои се послужуваат топли и ладни пијалаци, алкохолни и безалкохолни, ладни и топли јадења, слаткарски производи и овошје. Ако хотелот не располага со сала за појадок, тогаш во кафеаната се послужуваат и појадоците.

Кафеаните според комфорот се делат на австриски и на француски тип кафеани. Австрискиот или виенскиот тип кафеани се побогато опремени во класичен стил. Имаат современ комфор, а на гостите им се овозможува дневна разонода (разни списанија, весници и др.), додека навечер гостите слушаат класична музика.

Во некои краишта на нашава земја вакви кафеани постоеле до Првата светска војна, кога биле адаптирани и преуредени во кафеани од современ тип.

Во виенскиот тип кафеани гостите се задржуваат подолго време и затоа столовите треба да бидат поудобни за седење, односно да бидат полуфотелји. Во нив имало табли и карти за играње т.е. коцкање. Покасно се вовела музика и пејачки.

Првите кафеани во Република Македонија се појавуваат во почетокот на XIX век, во 1827 година во Битола, потоа во Велес (1866 г.), Скопје (1873), Штип (1883), Дојран (кафеана „Фук Так“ во 1884 година) и други градови.

Кафеаните се отворени преку цел ден и тоа од 6 до 22 часот. Кафеаните секогаш треба да бидат чисти, а масите декорирани со цвеќиња. Масите во кафеаните можат да бидат тркалезни, квадратни и во правоаголна форма а одозгора обложени со мермер или некој друга материја која лесно се чисти.

Масите во кафеаните не се покриваат со чаршафи. Ако хотелот не располага со сала за појадок, тогаш еден дел од масите во кафеаните се покриваат со чаршави во пастелни бои.

Во тој случај нарачките на гостите им се носат на послужавник кој се става пред нив. Во кафеаните треба да работата квалификувани угостителски работници и да ги познаваат сите видови топли и ладни напивки, алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Во кафеаните можат да се послужуваат разни видови пијалаци. Келнерот ги подготвува, односно ги врши сите операции што се потребни за појадок, тој ги подготвува: путерот, џемот или медот, ги подгрева чашите за чај, чајниците итн.
Во кафеаните се послужуваат и меѓуоброци, чорба, леб со сирење или маст.

Францускиот или таканаречениот царски тип кафеани се современо опремени објекти во кои гостите не се задржуваат подолго време, затоа не им се овозможува некоја посебна разонода. Кафеаните треба да ги имаат сите потребни помошни простории за прием на гости, и тоа: сала за прием на гости, кафе-кујна, офис и точилница на пијалоци. Салата за прием на гости може да биде на кат или меѓукат во состав на хотелот или пак посебно од хотелот. Салата за прием на гости може да биде опремена со тркалезни, квадратни и правоаголни маси.

Ако во кафеаната се послужуваат и пијалаци, тогаш таа се дели на два дела, така што едниот дел се прекрива со чаршафи во пастелни бои и масите се сервираат за предвидените пијалаци.

Другиот дел од кафеаната служи за послужување на ладни и топли напивки, алкохолни и безалкохолни пијалаци и
овошје. Доколку кафеаната нема специјален уред за вентилација, таванот не смее да биде понизок од 3,5 метри.

Крчмата е угостителски објект во кој се подготвуваат и се послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци, ладни и топли напитоци и јадења кои многу брзо се подготвуваат. Крчмите работат преку цел ден. Опремата и инвентарот во крчмата се едноставни. Крчмите обично се наоѓаат на периферијата на градот или во селата. Во Македонија први крчми регистрираме во XVI век се во Битола, Прилеп, Велес, а во Радовиш (во 1662 година), како и по една во селата на Битола, Велес, Кичево итн.

Гостилница е угостителски објект во кој се подготвува и послужува храна и пијалоци. Гостилницата всушност е претходно име за ресторан, односно за посовремен угостителски објект во кој се послужува храна и пијалоци. Први регистрани гостилници – ресторани се во Кина во XIII век во Ханжу за време на династијата Сун. Во Европа, се појавува во 1725 година во Мадрид, Шпанија.

Гостилниците – ресторантите во најголем број случаеви се составен дел од хотел или ноќевалиште. Гостилниците можат да бидат класични и специјализирани (национална кујна, рибен, за дивеч, скара, атрактивно – тематска и сл.).

Први регистирани гостилници и тоа 25 на број се во Велес во 1866 година, 7 гостилници во Радовиш (1879 г.), додека пак,
прва гостилница со име е „Локанда“ во Битола регистрирана во 1891 година.

Рестораните се големи угостителски објекти кои работат цел ден. Во нив гостите се нудат со разновидни јадења од домашна и од странска кујна, домашни и странски вина и алкохолни и безалкохолни пијалаци. Ресторанот е составен дел на хотелот каде што гостите се нудат со разновидни специјалитети од домашна и интернационална кујна. Во некои ресторани се нудат одредени специјалитети, па ги нарекуваме специјализирани ресторани, како на пример: рибни ресторани, ловечки ресторани, национални ресторани, диетални, вегетаријански, грил-ресторани, гостилници, експрес ресторани, ресторани за самопослужување, таверна, кафеана, народна кујна и бар. Први регистрирани ресторани на територијата на Р. Македонија е ресторан „Ајфелова Кула“ во 1891 година.

Ресторанот бил во состав на хотел „Ореинт“ во Битола, а во почетокот на XX век се појавуваат уште неколку (ресторан во хотел „Синтагма“, во хотел „Европа“, ресторан „Београд“ и др.).

Втор регистриран ресторан е ресторанот на „Шоповиот хотел“ во Дојран во 1903 г., потоа ресторанот на хотел „Париз“ во Скопје (1905 г.) итн.

Непосредно пред Балканските војни (1912 г.) во речиси сите поголеми градови поголемите кафеани се именувани како ресторани, со што и нивниот број се зголемува.

Карта 5: Географска разместеност на меани, кафеани, гостилници и ресторани гледано по градови во Република Македонија

Во врска со Карта 5, напоменуваме, бројот на угостителски објекти е извлечен од разни извори. Има податоци од средината на XV век до крајот на XIX век. Бројките за некои градови не се конечни и можни се промени – зголемување на бројот на угостителски објекти.

“Од анови до хотели, од меани до ресторани” Никола В. Димитров и Трајан Вељанов