Археолози со помош на снимка од Google Earth пронашле нова една локација во јужниот дел на Битола, западно од Северна Македонија, на кои е можно да се наоѓаат комплекси од пирамиди прекриени со песок.

Тоа го пренесува страницата “Archaeology news from forgotten EU countries and lost people & civilizations “. Локацијата е оддалечена на 0,01 километри од познатата некогашна улица Широк Сокак каде сеуште се наоѓаат траги од живот.

На фотографијата се гледаат четири ритчиња со пирамидален облик и во позадина две големи поила со вода оставени од најверојатно претходната цивилизација.

Поголемите ридови се околу 5 м, а помалите околу 3,5 и 4 метри. Овие потенцијални пирамиди ги откри и документираше Горџела Михајл Аџ од Северна Каролина, која десет години го води сателитското истражување со помош на Google Earth. Според неа, египтологот и експертот за пирамиди Набил Селим потврдил дека овие локации до сега не се истражувани.

Снимките ги доставила до египтолозите за да можат понатаму тие да истражуваат.

“Фотографиите говорат сами за себе, но неопходно е истражување на лице место…” на крајот изјави Горџела Аџ.

Веста е измислена и е дел од рубриката ЛабавО, бидејќи подруго ние битолчани и не можеме…