„Поради сѐ поголемата заинтересираност и големиот број на прашања кои стигнуваат до компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, истата одлучи да отвори своја привремена канцеларија во градот Битола, поточно во склоп на хотелот „Милениум“ кој се наоѓа на улицата Широк Сокак.

Канцеларијата ќе биде отворена за сите граѓани кои се заинтересирани да дознаат повеќе за работата и условите во компанијата, процедурите за аплицирање за отворените огласи, како и за начинот за пријавување за работната позиција Оператор во производство која во моментот е најбарана.

Компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола веќе 6. година работи во Индустриската Зона „Жабени“ и мометално има 6200 вработени од целиот пелагониски регион дополнително вработувајќи и граѓани од Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар. Дејноста на компанијата е производство на кабелски снопови за автомобилската индустрија, односно за производителите Мерцедес и Ауди кои својата доверба ја доверија токму на фабриката КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.

Канцеларијата ќе започне со работа на 15 Јулии ќе биде отворена сѐ до 31 Август со работно време од 8:00 – 16:00 часот.

Повелете, Ве очекуваме!“