Денеска во рамките на програмските активности , младите волонтери од меѓународниот младински камп „ Патоказ кон помирувањето“ 2019, беа во посета на Општина Битола, каде имаа срдечна и конструктивна средба со градоначалничката на Општина Битола, Г-ѓа Наташа Петровска.

Оваа не е прва средба помеѓу претставниците на Кампот и градоначалничката Петровска . Вакви средби имало и изминатите години и ја покажува отвореноста на Општина Битола и првиот човек на истата за соработка и поддршка на младинските иницијативи , особено ако вклучуваат млади од повеќе земји и секако од нашиот град.

На средбата Градоначалничката , Г-ѓа Петровска беше запозната со активностите и целите на проектот, можностите за унапредување на соработката и меѓународна промоција на Општина Битола. Беше констатирано дека ваквите проекти дават можност за поголема меѓународна промоција на Општина Битола, размена на искуства, зголемување на капацитетите за младинска акција , а евидентирано беше и влијанието врз локалната економија, односно зголемена туристичка потрошувачка.

Членовите на кампот и нивните лидери го продолжуваат денот со посета на излетничкото место „Крани“ , каде волонтерите од Црвениот Крст Битола ќе оддржат обука за гостите од Израел, Германија и Битола за спасување во вода.

Утрешниот ден е планирана посета на локалитетот Трескавец-Прилеп и знаменитости во тој регион.