“ПРАЗНИ МУАБЕТИ” е проект на битолската ДЕЛ АРТЕ продукција и преставува комично шоу под водство на Бојан Стојков во кое секоја епизода е поделена на шест рубрики, кои тематски ги издвојува скечевите:

1.Снепчет (краток виц со кој започнува епизодата)
2.Голи митови (комичен приказ на ликивите од литературата)
3.Кексот и градот (урбани ситуации од секојдневниот живот)
4.Раскажувачот (чудак кој раскажува луди и смешни бајки)
5.Мултивитамини (пародија на позната странска песна и спот)
6.Стариот мудрец (духовита мисла кажана на чуден јазик)

Првата сезона брои дванаесет епизоди, со премиера во сабота во 16:15 часот на националната 1ТВ, додека репризи има во недела во 12:15.

Вечерта во 22:15 стартува на регионалната ТЕРА, по што следуваат уште четири репризи во текот на седмицата.Присутни се и на нивниот канал “Празни муабети” на YouTube…