Пожарот е започнат од 15 часот на локација во близина на с. Долно Оризари каде најпрвин започна да се шири густ црн чад. Во 21.00 ч. имаше голема опасност и за куќите од оваа населено место но среќа ветерот го премести пожарот во друг правец, според кажувањето на очевидците кои се на лице место.

За причините и настанатата штета немаме информации како и за бројот на пожарникарски екипи кои се присутни на теренот.

Апел до сите жители во овај дел да не палат стрништа и да не предизвикуваат пожари со кои се доведува во прашање безбедноста на сите кои се наоѓаат во и околу овај дел.

Фотографии од лице место испратени од Христијана Грашеска