силна порака дека 8ми март е само еден ден

Овогодишното одбележување на празникот на жената – 8ми Март за вработените во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола долго ќе се памети и раскажува. Како и досега, веќе се навикнавме на необичното славење на овој празник за вработените во КШМК па и датумот 10ти Март беше избран за да може секоја од дамите вработени во Кромберг & Шуберт да присуствува на забавата.

Зошто се празнува овој празник? Што е позадината на овој ден? Сигурно не се цвеќињата и кафаните бидејќи тие се само еден од начините на на прославување, меѓутоа како народ сме навикнати и најверојатно нѝ е најприфатливо така да се празнува овој ден. За да се даде вистинското значење на овој празник, вработените во Кромберг & Шуберт на официјалното отварање на оваа прослава направија и една мала комична претстава каде што ги претставија најзастапените типови на мажи во нашето опкружување и жените (сопруги, партнерки, девојќи…) кои истите ги посакуваат. На крајот од претставата се обрати и една од дамите кои се вработени во оваа компанија со свој говор и со ставање на акцент на она што секоја жена треба да го празнува и применува.

„…Општествениот притисок и безбројните критериуми според кои се оценува дали една жена е успешна, влијаат врз нашето однесување. Но, секогаш треба да сме свесни дека постои избор.

Да се осмелиме да направиме избор и да бидеме доследни на истиот, а сите избори да бидат еднакво почитувани и вреднувани.

8ми март ја симболизира еднаквата шанса и пристап на жената до социјалните, економски и политички права, но 8ми март е само уште еден обичен ден. Борбата со предизвиците е секој ден од годината. Да размислуваме за позитивни промени и да носиме храбри одлуки.

Денес, да и дадеме признание и почит на секоја жена која што на некој начин нè инспирирала во животот. Истовремено и ние постајно да се трудиме преку дела да инспирираме некој.

Секоја жена е супер херој.“

Просто магично беше да се видат повеќе од 3000 насмеани лица во исти маички кои пејат заедно со Влатко Лозановски кој пак со своите песни ја надополни прекрасната атмосфера и им го разубави денот на сите присутни.

Во целиот овој настан не смееме да ги заборавиме и „Крошу џентлмените“ кои беа уникатно облечени и имаа доста предизвикувачка задача – да ја почастат секоја од дамите со парче од превкусната торта декорирана во духот на целата забава која тежеше, верувале или не, 450 килограми!

“Kroschu Girl” како слоган и овој пат беше најкористениот „хаштаг“ на социјалните мрежи на кои сеуште се поставуваат „селфиња“ со колешките, со Влатко и со огромната торта – најголемата која досега била направена во Битола па и во целата околина.

„Знаеме дека е голем предизвик да се организира забава за толкава бројка на луѓе пред сѐ и да бидете сигурни дека сѐ ќе помине во најдобар ред, но тоа ни малку не нѐ исплаши туку напротив – тоа беше предизвик да докажеме дека можеме. Само амбициозните цели кои си ги поставувате може да резултираат со амбициозни постигнувања. Не е лесно да се биде трендсетер, но дефинитивно се исплати.“ – велат од менаџерскиот тим на Кромберг & Шуберт.