Има многу начини како да се потпечи карфиол и стално го правам различно. Секако е вкусен, а мене овој начин ми е најдобар.

1 кг карфиол
3 јајца
300 мл павлака 20%
100 мл млеко
рендан кашлавал
вегета, црн бибер, презла

Прво карфиолот се мие, се разделуваат цветовите и се вари во солена вода 15-тина минути.
Потоа во тавчето во кое ќе го печите се става како подлога презла. Презлата ќе го впие вишокот течност од карфиолот.
Врз презлата наредете ги цветовите карфиол.

Настрана изматете ги јајцата и млекото, додадете ја павлаката, додадете вегета и црн бибер и измешајте.

Прелејте ги главиците карфиол со оваа смеса, а одозгора нарендајте кашкавал, наросете малку презла и црвен пипер.

Ставете да се запечи на 200 степени додека горе не зарумени.

На здравје!