Поларен Руски бран ќе биде кривецот за драстичната промена на времето овој викенд, односто температурите ќе бележат пад дури за 10 до 15 степени во однос на сегашните. Петок ќе има локални врнежи од дожд и снег на планините, а поради овој продор ќе започне да дува засилен северен ветер.

Веќе во текот на ноќта кон сабота како и во сабота ќе има локални врнежи од снег и на пониските места, врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет а ќе продолжи да дува засилен ветер од северен правец кој локално на моменти ќе достигнува брзина од околу 80 км/час.

Особено студен ден ќе имаме во сабота кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени додека поради разведрувањето многу студено утро ќе имаме во недела со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени додека на некои места истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени. За Битола во недела сабајле се очекуваат -11 степени целзиусови.

Овој бран ќе се задржи и на почетокот од следната недела што значи по ова вистинско пролетно време граѓаните да се припремат за нова нагла и огромна промена на времето.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here