hdr

До крајот на денот облачноста која ја имавме над Битола и Македонија ќе се намали, ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе засилува на интензитет. Максималните температури ќе се искачат во интервалот од 2 до 11 степени.

Почнувајќи од утре во текот на денот, од североисточна Европа кон нашата територија ќе продира поларен воздушен бран и сето ова над Егејското Море ќе услови формирање на циклонски систем кој од утре попладне и навечер па во текот на следните денови ќе донесе почести врнежи од снег. Во најголем дел од државата ќе се формира снежна покривка, на повисоките места и на планините истата ќе се зголеми дури и за над 30 сантиметри.

Температурите многу ќе опаднат и веќе од четврток максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени. Уште постудено ќе биде во петок кога максимумот на температурите ќе се искачи во интервалот од -6 до 0 степени, минималните пак на некои места ќе се спуштат дури до -15 степени. На планинските места ќе има и до околу -20 степени и сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец кој ќе услови појава на снежни наноси.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и за пешаците и за возачите.

Подготви: Славчо Попоски