Одлично мезе кое оди со сѐ. Овде се искористени 5 парчиња биено со средна големина Начинот на поховање е многу едноставен, го нема јајцето и презлата и искрено мене најубаво ми е вака.

Состојки:
неколку парчиња биено сирење, сечени подебело
пченкарно брашно за прпелкање на сирењето
масло за пржење

За тартар сос
3 лажици мајонез
2 рендани кисели краставички
1 лажица сок од лимон
по желба 1 лажица кисела павлака или кисело млеко
црн бибер

Подготовка

Испрпелкајте ги парчињата биено сирење во брашното и ставете ги на сосема малку масло да се пржат од двете страни додека убаво не поруменат. После пржење, оставете ги на хартија да се остстрани вишокот мрснотија.
Тартар сосот се подготвува со мешање на сите состојки и се сервира на лист од марула или во мал длабок сад.
Ова мезе оди одлично со салата марула.
На здравје

www.macedoniancuisine.com