Горан Стефановски е роден битолчанец и еден од најпознатите македонски драмски автори почина во Лондон на возраст од 66 години, по кратко, но тешко боледување.

Последните години од својот живот ги помина во Велика Британија од каде што стигна и веста за неговата смрт.

Горан е еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските ,,Диво месо“, ,,Тетовирани души“, ,,Дупло дно“, ,,Лет во место“ и многу други.

Голем визионер уште од 1979

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Филозофски факултет завршил во Скопје, а студирал на драматургија на Академија за драмски уметности во Белград.

Кариерата ја започнал во Телевизија Скопје, бил асистент на скопскиот Филолошки факултет, професор по драматургија на Драмски во Скопје, член на македонскиот ПЕН центар, на Друштво на писатели, а од 2004 година член на МАНУ.

Од нас една мала почит. За крај. Почивај во мир Горане!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here