Едно поинакво уникатно одбележување на патрониот празник на О.У.,, Др.Трифун Пановски“ – Битола

Денес, 09 Мај во просториите на ОУ,,Др.Трифун Пановски,, од Битола со свечена приредба беше одбележан патрониот празник на училиштето. Полагањето на цвеќе на бистата, поздравниот збор на директорот на ова училиште Пецо Димовски, ликовна колонија и кратка приредба од страна на учениците преставуваат ритуал од секое одбележување на патрон празник.

Учениците од одделенска настава од централното и подрачните училишта заедно со своите наставници го одбележаа со Еко хепенинг во градскиот парк. Целта на овој настан беше преку безброј пароли, слика, детска игра, драматизација и песни да ја развиеме еколошката свест кај сите со помош на најмладите коишто воедно се и еко -амбасадори.

Она што го прави уникатно овогодинешното одбележување на овој патрон празник на ова училиште е приредба која наставниците од предметна настава ја одржаа пред своите ученици.

Рецитали, скечеви, ора и неколку нумери изведени од хорот составен од наставниците беа дел од овој интересен настан.

На крај наставниците одиграа спортски натпревари против учениците и тоа машкиот дел кошарка,а женскиот одбојка.