Пред 26 години испишана е една од најнегативните страници од најголемото фудбалско ривалство во македонската историја. Нетрпеливоста меѓу „Комити“ и „Чкембари“ кулминираше со нивното соочување во сезоната 1992/93 во шампионатот на Македонија.

Имено, натпреварот од последното коло на ПМФЛ меѓу Пелистер и Вардар не се одигра заради дивеењето на навивачите на двете екипи.

По инцидентот на полицијата и домашните навивачи повредени беа дел од „Чкембарите“, а половина стадион беше демолиран.

There is nothing to show here!
Slider with alias alfa not found.

Исчекувањето донесе кршење на дрвените клупи, провокации од „Комитите“, па влегување на терен на домашните навивачи и солзавец кога ситуацијата беше пред поголем инцидент.Фудбалерите на двете екипи не се појавија на теренот по загревањето и подоцна натпреварот беше регистриран со службени 0-3 за Вардар.Три недели пред овој срам двете екипи играа финале на Купот на Македонија во Скопје, а со голот на Савов вардарци славеа со 1-0. Натпреварот и денес е најпосетувано финале на Купот и еден од најголемите фудбалски празници во нашата историја.Фотографии од објективот на Димитрије Гиновски. Текст Гол.мк