Тепихот по кои се оди на Баба е толку мек што ти посакува душа да си починеш малку на тој сплет од лисја и иглички. Моликите во годишното предење направиле толку мека стаза што е мелем за попуштените колена на планинарите. Како истражувачи на некое ново време, талкаме низ зелнилото на планината со воодушевување на воздухот во кој има смоли на бор. Воздушна бања, каде рекреацијата доаѓа како екстра на сѐ и делува опуштено. Неможеш во шума да си депресивен, едноставно сите болници се градат во шума, за да може побрзо да се излекуваш. Не дека си во болница него дека си близу до мајката. Впрочем и одевме по таа патека на Болниците.
Камењарот кои го дава врвот е налик на пределот на Алпите, каде талкаат милион души во потрага по својата карпа. Скршен од времето и закотвен за иднината стои високо исправен како горд освојувач на градот Битола. Врвот Пелистер.
Патот до Големо Езеро не извозе преку Малото и со тоа ги комплетиравме пелистерски очи за да ја доловиме целосната убавини на националниот парк. Небарем нема друго што да понуди, него ова во нашата содржина од слики е на првото место. Духот на езерото го дополнија добрите домаќини кои овој пат беа во голем број и со целосна посветеност се грижеа за топлиот дом.
Денот поминат на езерото во супер временските услови е тоа што ни недостига во динамиката од градот, тотално без прекини, мирно време проследено со звукот на ветерот, кој се поигруваше со нашите ладни носиња. Дарежливите сончеви зраци се трудеа да ја расипат играта на ветерот и во малото негово невнимание успеваа да ни ја дадат топлина. Перфектно добар ден со убави луѓе…

За повеќе кликнете ТУКА

Извор I love hiking-group Macedonia