Ова е совршен рецепт за печени пилешки копани, копан со надкопан, батаци или крилца. Вака ги правам во последно време и нема подобри.
Состојки 1,5 кг батаци, копани или копани со надкопан 1 лажица мешан сув зачин (вегета, зачин К…) 100 мл вода 100 мл масло по 1/2 лажиче црн бибер и оригано

Прво копаните се мијат и се бришат со крпа или со хартиен бришач за да немаат влага. Се ставаат во поголема најлонска кеса и се ставаат мешаниот сув зачин и зачините и се протресуваат за да се распредели смесата рамномерно. Потоа се додава маслото и повторно се протресува кесата. Се затвора кесата и вака подготвените копани се оставаат неколку часа во фрижидер. Пред печење, извадете ги 1 час порано од фрижидер. Ставете ги во тавче, додадете вода и нека се печат на 250 степени покриени со фолија. По 40тина минути, извадете ја фолијата и превртете ги од другата страна. Без фолија печете 20тина минути од едната и уште 20тина минути од другата страна. Можи да вклучите и вентилатор за побрзо запекување, зависи од рерната како ви печи. Ќе добиете вкусни и сочни копани кои ќе се топат в уста.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА

www.macedoniancuisine.com

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here