hdr

ПАТОКАЗ ДО ПОМИРУВАЊЕТО

Во спомен на битолските евреи-Никогаш да не се повтори!

После Солун, нашата Битолa или Монастир беше најголемиот еврејски центар на Балканот, град каде што тие живееја околу пет века, го сакаа, го градеа и допринесуваа за неговиот развој, слава и убавина… бидејќи таа ги спаси од инквизицијата, ги вдоми и му поддаде рака за нивен просперитет. Нивните фамилии сега се насекаде низ светот и се познати под името “монастирлис”. Историјата наведува дека нивниот број во Битола , на почетокот во ХХ бил околу до 11.000 кога во Битола живееја 60.000. Нивнот број драстично се намалува со балканските војни. Дел од нив останаа со своите сограѓани да делат и добро и лошо сѐ до кобниот 11 Март 1943 г. Затоа Битола има посебно место за нив, а тука се и сеќавањата за нив, кои во неколку продолженија ќе следуваат за сите вас…

Хармониката

Ова е хармониката која Шабтаи Шами од Битола, Македонија ја добил како поклон за Бармицва (Еврејски празник кога момчето прави 13 години и добива религиозна зрелост) од неговите родители во 1939 година.

Кога започнаа расистичките закони и на Евреите им било забрането да поседуваат музички инструменти, Шабтаи му ја даде хармониката на својот пријател муслиман, со кого заедно свиреа во оркестар. Шабтаи беше фатен во Солун и депортиран во Аушвиц. Потоа беше преместен во Берген – Белсен, каде и умре. Пријателот на Шабтаи и ја врати хармониката на неговата сестра по завршувањето на војната.

Семејството Шами

Моше и Сара Шами имаа четири деца: Шабтаи, Гита – Алегра, Аврахам и Јозеф. Семејството водеше традиционален начин на живеење и имаа удобен живот од нивниот голем дуќан за облека. Гита беше активна во младинската група Хашомер Хазаир.

Во март 1943, ден пред депортацијата на Евреите од Македонија, Шабтаи и Гита пребегнале во соседна Грција, заедно со уште седум други младинци. Тие дошле во градот Касториа каде им се придружија на членовите на семејствата кои пристигнале таму една година претходно.

Во септември 1943, Касториа беше окупирана од страна на Германија и во март 1944 Шабтаи и Гита беа депортирани, заедно со нивните чичковци и тетки во Биркенау. По пристигнувањето, чичковците, тетките и децата беа испратени во гасните комори и убиени. Шабтаи и Гита беа сместени во работните единици. Кон крајот на јануари 1945 година, затворениците од Аушвиц – Биркенау заминаа на запад, на маршот на смртта; меѓу нив беа и Шабтаи и Гита. Стигнаа до Берген – Белсен.

Гита беше испратена со група од 300 жени во камп во планините, на принудна работа во фабрика за изработка на авионски делови. Кон крајот на април таа беше испратена во Матхаузен, каде Американците ја ослободија на 2-ри мај.

Шабтаи кој остана во Берген – Белсен, почина два дена по ослободувањето.

На почетокот на јули 1945 година, Гита се врати дома во Битола каде што дознава дека од целото нејзино семејство – нејзините родители, браќата и сестрите и бабите и дедовците – таа беше единствениот преживеан член. Во Битола таа се сретна со Сами – Шмуел Калдерон (еден од младинците со кои заедно побегна на почетокот на нејзините патешествија), кој се вратил во Битола после поминатите воени години како член на партизанските единици во Грција.

Тие се венчаа летото 1946 година. Најстарата ќерка, Сарале, сега омажена Гутман, беше родена во Битола и во декемрви 1948 семејството емигрирало.
www.yadvashem.org/yv/en/exhibitions/communities/monastir/index.asp

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here