На повикот на „Предизвик за млади истражувачи 2“ кој Фондот за иновации и технолошки развој го организира во соработка со Министерството за образование и наука во силна конкуренција ОУ ,,Даме Груев,, од Битола го освои првото место со најголем број на поени.

Тимот во состав: ментор наставникот Валентина Степановска – Андоновска и учениците: Андреј Јовановски, Христијан Николовски и Михаил Јанакиевски – посебно истакнати во полето на физиката како освојувачи на многубројни награди од различен тип на натпревари.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Нивната иновација се однесува на искористување на сончевата енергија за осветлување, а насловот на проектот е „Паметни венецијанерки“, – со поставување на соларни панели од надворешната страна на венецијанките-сончевата да се претвора во електрична и потоа електричната енергија во светлинска, но и за напојување на: мобилни телефони, таблети и сл.

Со овој проект се докажува дека учениците во основното образование имаат потенцијал и иноваторски способности кога имаат поддршка од нивните наставници – вели директорот д-р Роза Јовановска, но секако им е потребна и поддршка од другите чинители во општеството.

При изработкаат на проектот тимот поаѓа од хипотезата: „Дали осветлувањето што ќе го даваат „паметните“ венецијанерки ќе ги задоволува минималните нормативи за соодветниот тип на примена?“

За имплементација ќе се искористат постоечките венецијанер-завеси кои ќе бидат носители на соларните ќелии од страната на прозорецот-сончевата страна, па заедно со системот за претворање и складирање на енергија, на истите тие завеси ќе бидат монтирани ЛЕД диоди за осветлување на внатрешната страна т.е. просторијата и ќе формираат еден покомплексен фотоволтаичен систем. Исто така целта е да се добие и електрична енергија за напојување на други електронски уреди со помош на соодветен претворувач на нивниот потребен напон.

Со оваа иновација за користење на бесплатна сончева енергија се заштитува животната околина, се заштеда на електрична енергија, нема трошоци за инсталирање на напојувачка мрежа од страна на електроенергетските компании, има повратна инвестиција (во период од една година), возможна мобилност на системот (лесно преместување на друга локација) и преадаптација на системот. Овој проект секако и дека би имал имплементација за понатамошно мултиплицирање во училиштето, во другите училишта ширум нашата земја па можеби и пошироко. Со овие „паметни“ венецијанерки би можеле да се опремат и: болници, аеродроми и други јавни установи, а секако да најдат соодветно место во секој дом. Заради оваа причина финалниот производ би можел да се изработува во индустријата со подобрување на неговите механички карактеристики.

Со овој проект учениците би постигнале усовршување на практичните вештини со имплементација на иновацијата, како и посочување на начин како учениците да си ја подобрат средината во училиштето со внесување на нови технологии- смета наставничката Валентина Степановска- Андоновска.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here