Шахот е игра стара околу 2000 гoдини. Името на играта потекнува од истоимениот персиски збор („شاه‎“) што значи „крал“. За нас битолчани најпозната е фотографијата на Манаки од 1924 г. каде е преставена шаховска игра со живи фигури.

Моментално во Битола ние си ја имаме малата кралица на древната игра со која сакаме сите вас да ве запознаеме.

Тоа е Наде Смилевска, ученичка во ОУ Св. Кирил и Методиј која со своите осум и пол години успеа да понесе неколку победи на European Youth Chess Championship 2019, Братислава, Словачка каде и како град и како држава не престави во најдобро светло.

Љубовта кон шахот ја наследи од нејзиниот татко, кој е воедно и нејзин учител. Во нејзините досегашни успеси се вбројуваат и победи на регионален
и на државен натпревар.

Од нас големо браво и поздрав до целата фамилија и поддржувачи.