Народноослободителната борба доведе до величенствена победа. На 4 ноември 1944 година Битола беше ослободена од единиците на македонската народна војска. Овој датум е најсветол и највелик во историјата на овој град. Битола и селата во Битолско можат да се гордеат со својот придонес во оваа голема борба и социјалистичка револуција. Со ослободувањето настапи нова ера, ера на слободата и социјализмот.

Слободна Битола сесрдно го помогна ослободувањето на другите градови, села и краишта на македонската и југословенската земја. Во овој град се создаде база за помош и снабдување на единиците на HOB и ПОЈ во облека, храна, па дури и во муниција, што беше предуслов и зачеток за развојот на индустриските капацитети на битолското и македонското стопанство.

Слободниот град, неговите граѓани, работниот народ со елан и воодушевеност пристапија кон обнова и изградба на своето стопанство, кон развивање на материјалната база, како предуслов за развиток на општествениот и просветно-културниот живот.

Во изминатиот 25-годишен развиток, во слободната татковина, во новите општествено-економски односи, Битола постигна огромни резултати на сите полиња. Градот доживеа вистински и невиден процут. Од исклучително занаетчиски и делум трговски град, со неколку помали фабрики, израсна развиена и модерна Индустрија, која стана водечка стопанска гранка, како и современо, интензивно земјоделство.

Co тоа е зоздадена солидна материјална основа за натаwomen уште побрз развиток.

Битола денес живее и се развива како втор по големина град во СР Македонија и претставува регионален центар на едно пошироко подгачје на југозападна Македонија, кон кој гравиираат подрачјата на Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар, Кичево, Прилеп, Крушево и други :раишта.

Во источниот дел се шири индустриската она, со огромни хали и фабрички оџаци, меѓу кои посебно се издвојува гигантската фабрика зa фрижидери, гордост за овој град.

Регулацијата на Црна Река овозможи на местото на некогашните мочуришта да се организира земјоделско производство на индустриски начин. Ha десетици илјади хектари плодни плантажи, Земјоделско-индустрискиот комбинат „Пелагонија“, Земјоделската задруга „Светлост“ од Породин, стопанството „Нов живот“ од Кременица, „Лозар“ и други, со години по ред жнијат југословенски рекорди во производството на пченица, шеќерна репа, грозје, јаболка, млеко и други производи. Со изведените обемни мелиорации Пелагонија доби нов лик, лик на плодна цветна градина.

Занаечиското производство ги задоволува поситните потреби на двојно зголеменото население. За брзиот пораст на неговата куповна сила убедливо говори огромниот растеж на прометот во големите стоковни куќи, самопослугите и другите објекти на модернизираната трговија.

Силниот развиток на стопанството, чиј брутоопштествен производ надмина милијарда нови динари, овозможи брзо осовременување и на инфраструктурата.

Градот на Драгор го симболизираат нови широки асфалтирани улици и булевари. Наместо црвените покриви од старите куќи, cé новеќе доминираат белите солитери во новите големи станбени блокови.

Симбол на развиената здравствена мрежа e комплексот на новата болница, опремена со најсовремени уреди за лекување. Покрај проширувањето на парковите и зеленилото, карактеристично е и осовременувањето на електричната, водоводната, канализационата мрежа, ПТТ, друмскиот сообраќај. Возилата на битолски „Транскоп“ денес ја крстосуваат цела Европа и Блискиот Исток. Импресивен е податокот дека Битола го држи второто место во Југославија по бројот на патнички автомобили спрема бројот на жителите.

Она што импонира денес во Битола е бујната младост, тоа е податокот дека секој трет граѓанин, низ широко развиената мрежа од основно, средно и више школство е ученик или студент. Развојот на образованието во овој град може да се мери со најразвиените центри во Jyгославија.

Битола ги продолжи своите стари културни традиции, развивајќи се во значаен културен центар по Скопје, со десетина културни институции, со бројна интелигенција со значајни остварувања во областа на науката и уметноста. Веднаш по ослободувањето на 14 ноември 1944 година во Битола проработи првата театарска сцена на мајчин македонски језик. Битола го даде и првиот творец на документарниот филм на Балканот.

Битола е посебно интересна, привлечна и атрактивна со своите бројни културно-историски споменици И знаменитости, од античко време па до нашево најблиско минато, кои што сите заедно и секој посебно говорат зa богатството, бурната историја и високата цивилизација на овој град.

Во строгиот центар напоредно со новите високоградби, на забот на времето oпстојуваат Саат-кулата и џамијата, претворена во ликовна галерија. Атрактивно делува комплексот на старата чаршија, со малите дуќанчињa и ретките занаети, чии предмети вештата рака на мајсторот ги претворила во вистинска уметност, во скапоцени сувенири и украси.

Во редот на културните знаменитости на Битола посебно место заземаат остатоците и ископините на античкиот град Хераклеа, оддалечени не повеќе од 2,5 км. од центарот на градот. Хераклеа Линкестис -што ја изградил Филип 2 Македонски била град на убавина, култура и богатство.

Битола е средиште на извонреден амбиент од природни убавини. Над градот доминираат прекрасгште пејсажи на платнените врвови Пелистер и Кајмакчалан, полни со дива романтика. Мошне блиски излетнички и рекреативни центри на битолчани претставуваат Преспанското и Охридското Езеро, кои привлекуваат посетители и туристи од многу земји во Европа и останатиот свет.

Тоа е денешна Битола. На својот 25-годишен слободен развиток таа гледа co гордост на својот изминат пат и на своите светли перспективи за скорешен уште побрз и подинашчен развој во сите домени на општествен живот. Гаранција за тоа е развојот на самоуправните општествени односи, врз кои се темели целокупниот социјалистички општествен развиток, тоа се нејзините граѓани, нејзината работничка класа и интелигенција.

Утрешна Битола, врз база на усвоениот урбанистички план, во наредните 30 години ќе израсне во потполно нов велеград, co околу 130.000 жители, со модерно стопанство, пред cé, индустрија со широки улици, булевари и авении и развиен културен живот.

Претседател на Општинското собрание

Дипл. екон. Мито Пејовски

Извадок од книга за Битола (1979)