Под влијание на јужно воздушно струење, од петок и престојниот викенд ќе имаме позначително затоплување на времето кое ќе услови и значително топење на снежната покривка, како на пониските, па така и на повисоките места и на планините.

До четврток ќе продолжи периодот на променливо време и ќе биде постудено. На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, додека на ниските места ќе има дожд или повремено услови за врнежи од дожд и снег на некои од пониските места особено на запад и север од државата.

До четврток максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека наутро понекаде истите ќе се спуштаат под нулата.

Веќе за време на викендот ќе дува јужен ветер кој ќе услови ГОЛЕМО затоплување на времето и максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Поради топењето на снежната покривка се очекува зголемување на нивото на реките и езерата, не се исклучува можноста и за излевање.

Да напоменеме дека во следните денови локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа над 30 л/м2 што значи периодот со чести врнежи и понатаму продолжува.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here