Во наше време немавме сиромаштија или оскудица ..!
Живеевме поскромно, но сепак бевме задоволни и исполнети. За што и самите бевме “заслужни”.
ЗНАЕВМЕ СРЕДЕ ЗИМА ДА ПЕШАЧИМЕ И ПО 10 – 12 КМ. ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, ПОВЕЌЕ ДРУГАРИ СО САМО ЕДЕН ПАР СКИИ (ГЕРМАНСКИ ДАСКИ СО ФЕДЕРИ – НАМЕСТО “МАРКЕРИ”)… А ТОГАШ ЖИЧАРА НЕМАШЕ.
До “КОПАНКИ” скиите на рамо, за еднаш да се “спуштиш”. А другиот чека долу за да му дојди редот.
И така поминал уште еден ден! Ден за паметење, исполнат со задоволство и радости.
Поготово ако во Домот и преспиевме. И тоа заради фактот што дружењето беше на прво место !!!
На фотографиите Љупчо Америко, Предраг Наумовски Пендрако, Стефче Цефта и Димитри Гина
Текст и фотографии на Димитрија Гиновски Гина