Утре 4 декември (вторник), 18:00 ч. мала сала на Центарот за Култура во Битола. Влез слободен.

НУЛА МОТИВАЦИЈА (Efes be-yachasei enosh / Zero Motivation), Игран филм, Израел, 2014 г., 97 мин., колор, ДСП

Режија: Талија Лави (Talya Lavie), Сценарио: Талија Лави (Talya Lavie)

Улоги: Дана Ивги (Dana Ivgy), Нели Тагар (Nelly Tagar), Шани Клајн (Shani Klein)

Во далечна пустинска воена база, група млади жени војници, сите израелски регрути, служат војска играјќи компјутерски игри, пеејќи поп-песни и заговарајќи како да ги префрлат на служба во Тел Авив додека им служат кафе на мажите кои ги држат конците.

Ова е израелски филм исполнет со интелигентни, бистри жени со смисла за хумор кои ги користат хефталиците како автоматско оружје. Ако постои војна, тогаш тоа е војна против досадата, лошите униформи, глупавите правила и правењето на една работа по три пати. Првиот филм на Талија Лави е одговорот на Израел на Лена Дунам, сценаристот на серијата Девојки на HBO: Нула мотивација освои урнебесни критики и огромна публика.

Недела на модерниот Израелски филм во Македонија