Марко Кобетиќ нов играч на РК Пелистер. Хрватскиот интернационалец кој игра на позиција среден бек од денес и официјално ќе го носи “зелено-белиот” дрес на Пелистер . Прекрасната атмосфера која владее кога игра Пелистер во салата Младост бодрена од далеку познатите “Чкембари” и тоа како допринесоа да се одлучам на трансфер во “ракометна Битола” и покрај повеќето понуди од странство кои ги имав на моја адреса – изјави Марко Кобетиќ за клупската фан страна на РК Пелистер непосредно по потпишувањето на договорот со Пелистер .

Кобетиќ во македонската ракометна лига беше оквалификуван како еден од најдобрите средни бекови и најдобар стрелец за неговиот поранешен тим, РК Охрид за кој настапуваше претходните две сезони. Роден е на 21 декември 1990 година во Сисак каде и ги прави првите ракометни чекори , важно да се напомене е дека од таа ракометна школа на РК Сисак поминале Јаков Гојун, Венио Лосерт како и познатиот хрватски ракометен тренер, Славко Голужа .

Извор РК Пелистер