Стенд ап во движење…

Предизвикот за Марјан е во следниот проект од 120 епизоди МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ LIVE да има 120 нови улоги….молер, келнер, банкар, брокер, татко, фризер, градежен работник, син, продавач на полиси, доктор, експерт за ајвар, актер, таксист, научник, продавач на карти, дистрибутер, касиер, магационер, инспектор за паркинг, туристички водич, шеф на смена, водоводџија, монтер на мебел, готвач, професор по физичко, сточар, лаборант, комерцијалист, шеф на обезбедување, оператор во кол центар, фудбалски судија, агент за недвижности, пекар, месар, апотекар, новинар…фраер на батерии 🙂

Документарно и снимано без никакви припреми 🙂

Ова е само почеток, ќе има уште многу предизвици.
Што рекла мајка му ” Тешко нас сине, не скапа оговарање по телевизии, по интернети “:)

Веќе одат на НАША ТВ , битно комшивката му се јави за да ги праша “Кој ни ја правеше кујната” 🙂

“Гледајте што се случува зад камерата и зад сцената!
Како се снимаат клипови… Да, да, ќе има и нови клипови.

Што се случува пред Стендап настапите, пред премиерите на претставите, што се случува со еден македонец на патување во странство, видете ги ставовите и приказните кои ќе ги споделат пријателите мои на темите што ги обработувам, и да не должам многу, мислам стварно многу текст човече. Ако го дочитавте ова до крај, значи стварно имате концентрација- свака част.

Ве гушкам и јас:)

Ова е прва епизода, ќе има уште многу- ГЛЕДАЈТЕ НЕ:)”

Ваш Марјан

ВИДЕО ЛИНК ТУКА