НОВИ МЕЃУНАРОДНИ ИСКУСТВА НА ДОКТОРИ ОД БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“

Д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар и д-р Кристинка Пајаковска, специјалист гинеколог-акушер во Болница „Плодност“, во текот на месец март беа дел од академијата на Евофарма во Сараево, Босна и Херцеговина.

На академијата, нашите докторки покрај посетата имаа и свое активно учество, заедно со педијатри и гинеколози акушери од Србија, Хрватска,Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина. Беше изнесен детален осврт за улогата на пробиотиците во најновите истражувања во повеќе области и специјалности на педијатриските гранки како и во перинатологијата. Посебен осврт имаше предавањето за новите сознанија за колонизација на бремените жени со добри бактерии и влијанието на истата кај здравјето на новороденчето.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“ НА КОНГРЕС ВО СРБИЈА

На 3-от Конгрес на акушерки на Република Србија со меѓународно учество под мотото „Знаење, вештини и емпатија-тројството на породувањето“, кој се одржа од 24 до 26 мај во Белград, Република Србија, учествуваа четири медицински сестри од Болница „Плодност“ и тоа Анета Јошевска Дамчевска, Надица Нешковска и Александра Димовска, како и Силвана Божиновска, медицинска сестра во одделот неонатологија.

За прв пат, покрај учеството, со своја презентација се претстави одговорната сестра на операционите сали и ИВФ одделот Анета Јошевска Дамчевска, на тема „Улогата на медицинската сестра во ИВФ одделот“, со што всушност се изврши презентација на дел од работењето на Болница „Плодност“ пред присутните учесници.

Како и секогаш, Болница „Плодност“ ги имплементира најновите прифатени и одобрени сознанија во областа на неонатологијата, акушерството и гинекологијата и понатаму ги дисеминира истите на стручните состаноци на останатиот лекарски персонал, поткрепено со нивното соодветно знаење и сертификати.