Овие денови започна една нова регионална соработка помеѓу фестивалите „Локум фест-музика и традиција“ од Битола , Р:Македонија и „Ракија Фест“ – Кукај- Р.Косово .
Соработката ќе се состои од размена на артисти и воспоставување на партнерски односи, размена на искуства и промовирање на фестивалите.

Како дел од оваа соработка на Ракија фест ќе настапи „Вевки-Џенгиз чалгија трио“ составена од виртуозите на чалгиската музика Вевки Амедов, Ибрахим Џенгиз и Шукри Умеровски.

Убедени сме дека регионалната соработка и зближување, особено на културните оператори, ќе придонесе кон зближување на народите и професионалците.

со Почит, Тодор Ивановски