Литература.мк е дел од Арс Ламина

Арс Ламина е основана во 2005 година како репро студио со мисија да ги подигне стандардите во издаваштвото на повисоко ниво, денес Арс ЛАМИНА е најголемиот и најважниот издавач на академската и научната литература во земјата, со преку 500 објавени наслови од областа на економијата, правото и политичките науки, архитектурата и градежништвото, медицината, земјоделството, како и современата белетристика, преку објавување на преводи на македонски јазик на најпродаваните и најнаградуваните светски автори. Арс ЛАМИНА е на официјалната листа на 200 најуспешни компании во Македонија.

Литература.мк оваа сабота на 17.11.2018 г. ќе отвори нова книжарница на сам Широк Сокак во Битола, отспротива на НЛБ Тутунска банка.

Тоа е уште еден специјализиран продажен сервис на Литература.мк, по интернет-продавницата www.literatura.mk и по книжарниците во Скопје и Македонија и ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас.
Застапени се голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици…

Од нас големи честитки и со среќа…

Повеќе на

www.arslamina.com

https://blog.literatura.mk