Додека го читате описот на овој настан, има граѓани кои пијат кафе, има граѓани кои „бистрат политика“.

Но, една група на граѓани работат, планираат, се обидуваат да ја подобрат Битола, градот кој сите го сакаме. Го сакаме Широк Сокак и кејот на реката Драгор, Градскиот парк и паркот околу Саат Кулата, уличките низ Старата чаршија. Сепак, има многу локации кои се помалку познати, а кријат некаква маалска приказна.

Една од тие локации се наоѓа позади Пелагонка 1. Таму има една чешмичка и една клупа. Слушнавме дека некогаш тука се собирале стари, некогаш млади. Ние решивме да ги повикаме заедно сите и да го уредиме ова место, да му дадеме свежина.

Затоа ве повикуваме да ни се придружите на 19 октомври 2018 година (петок), да го расчистиме просторот на оваа локација. Ние ќе имаме опрема, но ви препорачуваме да си понесете и вие. На местото ќе сме од 10:00 часот па сѐ додека се гледа.

За следниот ден, пак, на 20 октомври 2018 година (сабота) ги планираме следниве активности за кои ве очекуваме, исто така, да ни се придружите:

11:00 часот – Обраќање на претставник на тимот на Кампањата „Гласно сокаче – Будно чикмаче“;
11:30 часот – Интерактивна работилница за деца на тема „Битола на младите останува“

12:30 часот – Време посветено за учење бељот и други друштвени игри;
13:00 часот – Изложба на цртежи и останати изработки од работилниците.

За време на сите активности ќе биде послужен чај и колачиња.

Ви споделуваме неколку стихови за инспирација:

Врело лето, боза ладна
И за љубов душа гладна
Челик-чомак, фотка, џорда,
Малку ашици пред порта, матине во соколана
Топол салеп, зима ладна
Драгор мрзни, душа гладна
Прва љубов, прва ранаЕте зошто, ете така Бабам Битола ја сакам.

Дојдете, но и предложете битолско сокаче или чикмаче каде следно би интервенирале.

Форум 16

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here