Тимот на Хотел Епинал и Градската Кафена ги исполнува своите ветувања!
Последователно на веќе прочуената ГРАДСКА СЕДЕНКА, она што следи е уште една ветувачка вечер!
Во петок, на 5-ти Април во Градската Кафена на Хотел Епинал, ќе се одржи ГРАДСКА СЕДЕНКА #2

Менито приготвено од страна на шеф Видоевски изобилува со неодоливи вкусови, спојувајќи го неспоивото!

Овој пат како предјадење ќе бидат послужени австралиски диви шкампи со кари сос и полнети бејби лигњи со морска краба во сос од тиква.
Пролетната салата со спанаќ и јагоди е нешто што мора да се проба, додека пак како главно јадење ќе биде послужена комбинација од јагнешко роловано и свински бифтек.
Вкусните десерти во Градската Кафана им се веќе добро познати на битолчани!Винарија БОВИН повторно се јавува како покровител на настанот, па гостите ќе имаат прилика да вкусат и од звучните вина како Pinot Noir, Alexandar, Imperator, сето тоа пропратено со звуците на група ДЕСПИНА.

Цената на менито е 1190 мкд, а за резрвација побрзајте на телефонскиот број +389 47 224 770
Толку убава храна, на толку убаво место, со толку убави луѓе, едноставно не можете да пропуштите!!!