Престижен ракометен турнир “Боро Чурлевски” во Битола.

Со гордост Ви го најавуваме турнирот во ракомет кој ќе се одржи од 30-ти Август до 2-ри Септември во Спортската сала “Младост” во Битола каде РК Пелистер ќе бидат домаќини во втората група, а за противници ќе го имаат францускиот тим Шербург кој за прв пат ќе гостува во Македонија. Истото важи и за шампионот од соседна Грција, Олимпијакос кој безрезервно ја прифати поканата да гостува во Конзулска Битола и ја осети еуфоријата на најракометен град на Балканот, кратко ни искоментираа од атинскиот клуб . Во првата група новајлијата во Суперлигата екипата на Бутел ќе ја има честа да го отвори турнирот заедно со вицешампинот на Турција, Селкаспор како и шампионот на Финска екипата на Кокс.

Општина Битола заедно со Ракометниот клуб Пелистер ќе бидат организатори и домаќини на ракометниот турнир и затоа ги повикуваме сите љубители на ракометот во Македонија, да нѐ посетат и уживаат во ракометните мајстории кои ќе се прикажат на премиерното издание на интернационалниот турнир “Боро Чурлевски” кој ќе биде наша традиција која ќе се одржува…