Спартанската трка е трка со низа препреки на различно растојание и тешкотии кои се движат од 3 километри до маратонски растојанија. Тие започнаа да се одржуваат во САД и беа франшизирани во 30 земји, вклучувајќи Канада, Јужна Кореја, Австралија и неколку европски земји. Спартанската трка има и воена серија, хостирана во воени бази. Исто така, има зимски и тимски настани.На една таква во Џебел Сифа, во близина на Мускат Оман, беше и нашиот спартанец, битолчанецот Ристо Димитров Чурино кој ни изјави:

“45 километри во комбинација со 75 различни препреки, многу пот, крв и повреди успеав.
Ги истрчав најтешките светски трки, Spartan Races, 3 трки во два дена за само 2 недели од враќањето од мојата борба за шампионски појас.
Ова е предизвик што не му успева на многу луѓе да освојат
3 медали за време на големиот Трифекта Викенд”