Петок 28.12.2018 г. 12.00 ч. мала сала Н.У. Завод и Музеј Битола

Изложба : “Народно облекување“
Автор : Наде Геневска Брачиќ, етнолог – кустос советник
Изложбата е дел од годишната програма на Министерството за култура на Р. Македонија

Презентирањето на дел од облековните елементи кои биле составен дел на традиционалните костими, има за цел да ги претстави поединечно нивните форми и функции. Осврнувајќи се на традиционалните облеки кои биле во употреба од крајот на 19 век па до средината на 20 век, кога започнува нивното масовно напуштање, ќе го согледаме завршениот процес на традиционални форми кои опстојувале и се формирале во долговековно постоење.

Низ овие облеки ќе ги согледаме начинот на изработката, употребата на материјалите и влијанието на индустријализацијата.
Поединечното раслојување на костимот, претставувањето на облековните елементи, конкретно со примероци од збирката на носии, ткаенини и текстил во НУ Завод и музеј Битола, ќе прикажи експонати од Битолско Горни села, Битолско – Прилепско Поле, Демирхисарско, Мариово, Преспа, Моштенски села , Смилево како оаза на Мијаците и облеки од градскиот начин на облекување.