Марјан и Елена Талевски се нашите битолчани кои моментално се дел од најголемата џет-сетерска шема на грчкиот остров Миконос каде во исто време неуморно и работат и уживаат во животот.

Миконос e познат грчки остров кој е светски познат со својата убавина, божествените глетки, космополитскиот дух и врвниот ноќен живот. Ужива интернационална репутација како рај за хедонистите и неуморните трагачи по возбуди, привлекувајќи секоја година голем број туристи, уметници, луѓе од модната индустрија, политичари, спортисти и џет-сетери, но и сите светски патници кои низ испреплетените улички и лавиринти се впуштаат во безбројните изненадувања кои ги крие ова неверојатно место.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Се наоѓа во средишниот дел на Егејското Море, и е вистински принц на Егејот. Го нарекуваат ,,Бел Остров’’ поради чисто белите коцкасти куќи со балкони и бојадисани огради, преубавите древни цркви со сини и црвени куполи, шармантните таверни и работилниците за сувенири, распрснати низ тесните камени улички. Хармоничната белина рефлектира светлина која насекаде се шири, разиграна од колоритноста на прозорците, расцутените дрвја и мноштвото цвеќиња. Автентичниот островски пејсаж го дополнуваат и седумте магични ветерници на пристаништето, заедно со Малата Венеција чии куќи се издигнати веднаш над морските бранови…

Нашите битолчани кои ги познаваме од битолската градска шема, а најповеќе од Hot Box на Копанки, ги запрашавме каков е животот таму, дали добро се заработува и во истовреме може и да се ужива во животот, кои се цените за престој и трошоците на Миконос, дали има и други битолчани и сл…

Марјан и Елена Талевски: Здраво Бабам Битола, Ви благодариме за контактирањето и поздрав до сите битолчани. Ние сме добри си поминуваме прекрасно и тука ќе бидиме цело лето. 2010 година е нашиот прв допир со Миконос, не надевајќи се дека некогаш ќе бидиме дел од белиот остров, кој тогаш не беше само моменти и обичен одмор заокружен со неколку слики, туку ново искуство кое ни даде голема енергија со девиза дека овај остров треба да го посетиме уште еднаш.

Во 2014 година е експерименталното доаѓање кое нѐ задржа скоро три месеци, околу 90-тина дена. За тоа време запознавме многу нови пријатели, контакти, работевме како промотери во топ 5 диско клуб во Европа ,,Cavo Paradiso Myconos”, не гледајки дека островот е одличен избор за заработка на ,,повеќе” од комотна егзистенција…

. . .Задоволни и исполнати до врв од нашето прво работно искуство на белиот остров, знаевме дека следната година ќе бидиме на ,,првата борбена линија” ќе бидиме најсилната workforce на островот!

Секоја следна година до ден денес ни отвораше нови врати нови гледишта за островот, сега моментално ова 2018 лето сме тука на Миконос чувствувајќи се како ,, мештани” на белиот остров заработувајќи повеќе од доволно за комотен живот и не разликувајки сѐ од народот кој е овде повеќе од 20 и 30 год.

Денес работиме како “consierge service” во елитни хотели и ресорти и тоа пречек на гости, oрганизација и превоз до сите места клубови, ресторани, резервации за истите и сл.
Престојот на Миконос за наши услови е малце недостижен бидејки цените се движат од 800 до 2500 еур од ноќ зависно од желбите на клиентите можи да стигнат и до 10 000 еур со вклучени приватни забави на јахта, приватни вили или ВИП секции во клубовите. Тука забавата на островот не знае за саати, од можни 24 во денот 25 се загарантирани пропратени со најпознатите светски диџеи секој ден.

Заработката на островот е од 15 до 20 000 еур од сезона во зависност од работата и ние го уживаме максимумот! Нашиот животен стил не е само на Миконос. Како љубители на авантури и зависници на адреналин останатиот дел од годината го поминуваме на планина уживајќи во благодетите на нашето поднебје.
Фитнесот ни е љубов број заедно со планината која никако не смее да се запостави. Ние сме едни од најзначајните луѓе за основање на SSNL, клубот за екстремни спортови на снег. Сопственици на ХОТ БОКС, персонални тренери по фитнес во локалните теретани…Дадовме голем придонес за даунхил проектот на Копанки иако од оправдани причини не бевме во можност да бидеме таму бидејќи се тука, дадовме најголема поддршка и организација и од тука. Животот е 12 месеци не само во одредено годишно време, на прво место и прва љубов теретана и планина! Миконос ни е егзистенција!

За жал према условите кои ги имаме во Македонија Миконос е малце потешко достапна дестинација. На прсти се бројат луѓето од Македонија на кои сме му организирале одмор на Миконос да не речиме од 10-15 луѓе. Не ретко се случува да сме гости на приватни забави кои ги организираат познати DJ, модни креатори и бизнисмени. Од нас да Ве поздравиме и се гледаме Септември прво кафе на Широк Сокак па одма на Пелистер…

Ви благодариме Марјан и Елена, убаво да си поминете!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here