На крајот на денот локално провејува слаб снег и има позначителна облачност. Продолжува да дува умерен ветер од северен правец.

Во ноќните часови облачноста ќе започне да се намалува, па така утре (петок) утрото ќе биде многу студено со многу ниски температури на воздухот, кои ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, на високите планини (над 2000 метри) истите ќе се спуштаат дури до околу -15 степени.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА

Во следните денови следува период на постабилно и релативно суво време, додека во текот на следната недела поради јужно воздушно струење очекуваме и значителен пораст на температурите па така максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

Да напоменеме дека денешното утро донесе провејување на снег на повеќе пониски места меѓу кои и Битола, како што и најавивме.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here