Видео записот за песната “Манџаре Макарони Калимера Калиспера” е последен и 6 ти по ред од соло проектот на Паљачо:
ПАЉАЧ И ДИСТОРЗИЈА. Нумерата е снимена во 2012 година во студиото Фушрекордс во Битола. Сите вокали ги отпеа Бранко Шпољариќ Паљачо. Ритам соло и бас гитара отсвири Игор Беговски Ќебапо. За се останато се погрижи Сашо Паркет.
Паљачо во свој стил во песната спомнува многу луѓе од градот кои, ете на некој начин обележале некој временски период и оставиле трага зад себе. Песната датира од 2001 година и за жал , некои од споменатите во неа денес веќе не се меѓу живите. Има уште многу други кои би требало да се споменат , но тогаш песната не би имала крај. Можи сега немаш пари ама сега имаш моќ…!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here