Во текот на следните денови како што и претходно најавивме нашата територија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ која ќе условува високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Времето ќе биде сончево со умерена, повремено и значителна локална облачност а локално не се исклучува можноста и за сосема слаб локален дожд.

За време на викендот и тоа особено во недела како и на почетокот од следната недела може да очекуваме локален развој на нестабилност проследена со дожд и грмежи и тоа особено во западните и во северните предели од државава.

УВ индексот ќе има релативно умерено висока вредност и ќе има коефициент помеѓу 3 и 5.

Со оваа најава значи дека и во текот на следните денови може да уживаме во топлото време и високите температури н воздухот, секако не треба да не изненади и најавената локална дестабилизација на времето.

Извор Славчо Попоски